header silder

СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСТИЦИ НА СЦ НЕТ КАРТИЧКИ

 

Почитувани Корисници,

 

Со овој допис сакаме да Ве известиме дека заклучно со 31/01/2019 година завршува соработката помеѓу СЦ Нет Македонија и Еуростандард Банка АД Скопје.

На 31/01/2019та година, Вашата СЦ Нет картичка ќе биде затворена и нема повеќе да функционира. Месечниот трошок за членство кон СЦ Нет во износ од 150,00 денари нема повеќе да се задолжува од салдото на Вашата трансакциска сметка.

Трансакциската сметка со која е поврзана Вашата СЦ Нет картичка ќе остане активна и истата ќе може да продолжите да ја користите.

Ве известуваме дека Вашата трансакциска сметка може да се поврзе со Master дебитна картичка издадена од Еуростандард Банка АД Скопје, која е бесплатна картичка и со која може да подигнувате готовина на Банкоматите од сите Банки во Р. Македонија без надоместок.

За таа цел Ве повикуваме да ја посетите најблиската експозитура или шалтер на Еуростандард Банка АД Скопје со цел да ја вратите СЦ Нет картичката и да се информирате за поволностите на актуелните производи и услуги на Банката.

                                                   
Доколку имате било какви дополнителни прашања, обратете се на нашиот контакт:

e-mail: office@scnetmakedonija.com

Со почит, СЦНет Македонија

working Вчитување, Ве молиме почекајте